Контактирајте го Пазар3 – Центарот за грижа на корисници доколку не можете да ги најдете одговорите на долунаведените прашања:
Цената за регистрација на оглас изнесува 30 МКД +18% ДДВ или 50 МКД +18% ДДВ во зависност од категоријата на огласуваниот предмет/услуга. Деталните информации за плаќањето, ќе бидат прикажани откако ќе заврши постапката за регистрирање на оглас. Проверете колку изнесува цената за одредена категорија. Огласот што е објавен на листата со огласи, можете да го измените или обновите за цена од 30 МКД + 18% ДДВ.
Огласувачите можат да додадат дополнителни опции за огласот да биде позабележителен. Огласувачите можат да активираат екстра опции за да го направат својот оглас поистакнат. Доколку сакате можете да активирате екстра опции. Ако веќе сте активирале оглас со екстра опции, но повеќе не сакате да ги користите, едноставно можете да го деактивирате тој оглас и да креирате нов без екстра опции. Доколку ви е потребна помош, слободно контактирајте го нашиот тим за поддршка.
Плаќањето може да го извршите со платежна картичка или банкарска трансакција.
Доколку сте го одбрале начинот на плаќање со платежна картичка, потребно е да ги пополнете полињата за број на платежна картичка, рок на важност и CVC2/CVV2 број (последни 3 бројки од задната страна на картичката). Следењето на безбедноста за трансакциите извршени со платежни картички, се прави од страна на системот на ХалкБанк АД, што ја користи последната верзија на SSL технологијата за заштита.
Плаќањата можат да се извршат преку MasterCard или Visa платежните картички што се користат за онлајн плаќања.
Со извршената уплата Вашата платежна картичка е автоматски зачувана во Вашата Пазар3 сметка. Пазар3.КОМ ДООЕЛ нема никаков увид и пристап до податоците од Вашата платежна картичка. Податоците се зачувуваат во системот на банката, во согласност со највисоките безбедносни стандарди. Доколку сакате да ја отстраните зачуваната картичка од Вашата Пазар3 сметка, тоа можете да го направите во делот “Начини на плаќање” и да ја одберете опцијата “Отстрани картичка”.
Со активирање на услугата за Автоматско реактивирање на екстра опциите, услугата се активира автоматски и се повторува по истекот на дефинираниот период, се додека не ја откажите истата. Уплатата се извршува од Вашата зачувана картичка. Доколку немате зачувана картичка уплатата ќе се реализира од салдото на Вашата корисничка сметка. Вашите внесени податоци се безбедно зачувани и нема да бидат споделени со трети страни. Кога се врши уплата со платежна картичка, податоците од картичката автоматски се зачувуваат на вашата Pazar3 сметка. За да отстраните зачувана картичка, одете во делот „Начини на плаќање“ и кликнете на „Отстрани картичка“. Дознајте повеќе за прашања поврзани со плаќањето тука. Износот се наплатува од Вашата зачувана картичка. Доколку немате зачувана картичка, износот ќе се одземе од салдото на вашата сметка.
Пазар3 го надоместува трошокот на огласување само во случај на техничка или манипулативна грешка предизвикана од трета страна. Во други околности, враќањето на парите не е можно. Ако огласот Ви е одбиен поради тоа што ги прекршува правилата, можете да внесете нов бесплатно (враќањето на парите не е можно). Пазар3 го задржува правото да одлучи дали огласот ги прекршува Правилата за огласување.
Пазар3 не надоместува било каква настаната финансиска штета на продавачите или купувачите како резултат на нивното огласување на Пазар3.